Коносмантот-Бил оф Лаидинг (Bill of Lading) е најважниот документ во трговијата во делот на поморскиот превоз. Тоа е еден договор на сопственост во кој што е нагласено кој е сопственик на стоката која е предмет на пренесување со брод, со камион, со авион или со воз. Во основа коносманот е писмен доказ за согласност за транспортот и доказ дека пратката на стоката е завршена.
Во делот на поморскиот транспорт коносманот се издава веднаш по заминувањето на бродот и во главно со тварањето на контејнерот на брод. Бидејќи коносманот е правен докумен датумот на издавање се совпаѓа со датумот на завршување на товарање.
Коносманот мора да ги содржи следниве податоци:
- Точното име/назив на товарачот
- Точното име/назив на примателот
- Податоците за контакт на примателот или неговиот претставник во дестинацијата на пристаниште
- Името на бродската компанија која што го врши поморскиот транспорт
- Пристаниште на утовар или/и место на товарење
- Пристаниште на истовар или/и крајна дестинација
- Име на бродот на кој што се товарени стоките
- Вид и опис на стоката која се транспортира, број на палети, пакети, бруто тежина на товарот
- Услови под кои се одвива транспортот (ФОБ, Ц&Ф, ЦИФ итн.)
- Број на слободни денови на крајната дестинација (за случаи каде што е направен посебен договор)
- Се друго кое што е ствар на договор помеѓу товарачот и примателот и во главно ги засега нив (акредитив)
- Датум на издавање
Коносманот може да биде “номинален”, кој се пренесува на лицето што му припаѓа – примателот или “наредбен” кој се пренесува со заверка. Превземањето на стоката може да се направи од страна на лицето наведено во “номиналниот” коносман – примателот или од оној кој што го има заверено по предходна наредба на примателот.
Видови на коносмани:
- Во однос на примателот
- Номинативен коносман (товарен лист): Право на подигнување на товарот има само наведениот примател и се предава само со присуство на истиот коносман.
- Straight Bill of Lading / Вејбил или Експрес Релис (не може да се преговара за пренесуванње на трето лице): Стоката се предава само на истиот примател кој што е наведен на коносманот и истата неможе да се пренесе на трето лице.
- “Ту ордер” (коносман по наредба): Име на примателот е “Ту ордер” и се наведува како Нотифај Парти – Известувач. Стоката се предава со заверка од примателот и краен примател е тој кој што го има заверено самиот коносманν.
- Носител на коносман (Носечки коносман): не е наведен конкретен примател, но се наведува известувач Нотифај Парти. Стоката се предава со физичко присуство на коносманот од страна на носителот и примател на стоката е носителот на коносманот.
- Како доказен документ
- Коносман за примање на товарот (коносман за примање на товарот кон товарање): Доказ на морскиот агент дека го има примено товарот за товарање.
- Коносман за товарање на товарот (товарен коносман): Коносманот кој што се издва веднаш после товарањето на товарот.
- Хаус Бил оф Леидинг: Се издава од страна на агентот на кој што е наведен вистинскиот товарач и примател на стоката.
- Мастер Бил оф Лаидинг: Се издава од страна на бродската линија и како товарач е наведен агентот на пристништето на утовар а како примател агентот на пристанштето на истовар.