• Ελληνικά
  • English
  • македонски јазик
  • Српски језик
  •   

    Царински

    Видови и Постапки на Царинска Контрола

    Контејнерските товари (containerization) направија револуција во транспортот овозможувајќи движење на мали количини на стоки, приближување до светски дестинации со редовни линии и минимизирање на трошоците за превоз.

    Најголемата цена што се плати во овој вид на транспорт, за жал, беше олеснување на криумчарење на стоки кои што се спакувани во железната кутија со што се оневозможува лесна контрола на товарената стока.

    За безбедносни причини и за борба против криумчарење, царините ширум светот имаат усвоено мерки на претпазливост и постапки против борбата со овој феномен.

    Царински проверки обично се јавуваат на стоки од трети земји при увоз или извоз, стоки кои се надвор од заедничко потекло и се пренесуваат со контејнери.

    Производите од заедничко потекло при увоз не подлегнуваат на царинска контрола освен контрола на оригиналните документи кои што го потврдуваат нивното потекло од заедницата. Во одредени случаи, само кога царинските органи се сомневаат или имаат информации за царински прекршок тогаш се извршува царинска контрола и на производите од заедничко потекло.

    Кои се можни контроли кои може да се извршат на товарот?

    Постапката на контрола која ќе се следи е дефинирана со поднесување на царински документ, кој се поднесува електронски преку софтверот icisnet онлајн. Следна фаза е да се одржи контрола на опасност (системски ризик) на товарот од одговорниот на Царинската управа кај кого што се има поднесено царинскиот документ, и кој што ќе може да ги издаде следниве наредби на контрола на контролорите:

    1. Без контрола – по најава. Одлучува раководителот на царинската служба да продолжи постапката без спроведување на проверка и го прифати описот и количината на стоката како што е најавено од страна на испраќачот. За транзитни товари (in transit) не е можно исклучок.

    2. Контрола на документи. Во овој случај се контролираат само трговските документи на товарот без да се бара отворање на контејнерот.

    3. Физичка проверка. Ова е комплетна верзија на контрола за што е потребно физичко присуство на царински службеници и трговецот обично преку неговиот застапник. Контејнерот се отвора и се спробедува физичка проверка на стоката со можност и на детална контрола на стоката.

    Како се одлучува видот на контрола?

    Одговорното лице на Царина, дава наредба за контрола на ревизорите, кое што произлегува од контрола на опасност од следните параметри:
    • Преку електронски систем (донесување одлуки од потсистемот и анализа на ризик) по поднесување на декларација за влез (ENS) пред доаѓањето на товарот на граница / пристаниште.
    • Преку електронски систем (Подсистем на конкретни информации и претпоставки) се издаваат проверки по случаен избор се додека годишниот процент (%) што го има поставено Министерството за финансии, на пример, 4% во транзит, 5% увоз итн, по доаѓањето на товарот.
    • Одговорното лице може да побара да се направи проверки на своја претпоставка.
    • Раководителот на царинската служба со шверц, исто така, се занимава со контрола на фалцификувана стока за широка потрошувачка и на своја претпоставка има право да побара контрола на товарот.
    • На крајот, веќе кога процесот на царинска контрола е завршен стоката може да продолжи кон својата дестинација слободно или во следење ако се побара “по проверка” при излез на контејнерот од пристанишната порта, било во магацинскиот простор на слободни товари било на пазарот на мало.

    Како се извршуваат контролите

    1. Проверка на документи. Од страна на контролорот се контролираат документите на товарот-товарен лист, фактура, паковен лист и дозвола за ослободуванје на контејнерот – за вистинска и точна изјава а ако е потребно и ветеринарен или здравствен надзор кој ги проверува соодветните документи.

    Исто така се проверува точна и прецизна проценка на давачки и даноци кои произлегуваат без разлика дали се работи за ослободување или царински надзор (доставуванје на банкарска гаранција) или за ослободување од ДДВ.

    2. Физичка инспекција. Најмногу “болна” контрола која што предизвикува финансиски оптоварувања за крајниот примател, одложувања, и можно оштетување на стоката при самата контрола.

    Се смета за застарен вид на контрола, бидејќи на техничките претходни пристаништа и царини контролите се извршуваат со помош на големи скенери со цел за темелна проверка без дополнителни трошоци, одложувања и се разбира без оштети на самиот товар.

    Физичката контрола е поделена на земање мостри каде што се контролира еден дел на товарот како и на целиот товар.

    Што се однесува за т.н. “отворени” или рефус товари кои се наоѓаат во магацински простори процесот на контрола е полесен во споредба со товари кои се затворени или во контејнери.

    Во вакви случаеви, потребни се работници и опрема за остварување на контролата. Тоа е обврска на крајниот примател на товарот или на неговиот застапник да ги обезбедат сите потребни средства за непречено извршување на контролата на она што се бара од страна на контролорот.

    Ако во текот на ревизијата се утврдат грешки и неточности се подлегнува на парична казна, која почнува од 100 евра и се оформуваат по дискреција на контролорот во согласност со тоа дали има или постои можен шверц.

    Во случаеви каде што за време на контрола на фалсификувана стока за широка потрошувачка се пронајдат фалцификувани производи истите се запленуваат и уништуваат под одговорност на компанијата која што го заштитува својот производ. Освен тоа, се изрекуват парични казни до 2.000 евра на крајниот примател.

    Кога сите контроли се завршени, царинскиот документ се заверува како “се е во ред”, и соодветно се промовира и таму каде што е потребно истиот се реализира.

     
    За авторот
     
     



    error: Content is protected !!